Како што пренесува КАНАЛ 5, Бојан Јовановски денеска од затворот во Шутка ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство за да даде исказ на сопствено барање за вмешаност на високи функционери во недозволиви дејности.
Според КАНАЛ 5 Бојан Јовановски, познат како Боки 13, утрово треба да дава исказ во основното јавно обвинителство кај обвинителката Вилма Рускоска. Само колку за потсетување тој во текот на процесот „Рекет“ неколкупати бараше да даде изјава во ЈО.
Боки 13 беше осуден минатата недела заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која доби седум години затвор.
Н.Д.

