Во Србија утрово на седница Кризниот штаб треба да препорача нови мерки за да се запре ширењето на корона вирусот.
Се очекува работата на ноќните клубови да биде забранета, што премиерката Ана Брнабиќ го спомна како една од можностите.
“Веќе разговаравме за некои мерки во принцип. Тие веројатно ќе бидат мерки во согласност со она што веќе го видовме во некои локални самоуправи, како што се Нови Пазар, Крагуевац, Ужице …”, рече Брнабиќ синоќа.
Таа додаде дека мерките нема да важат за целата земја, туку ќе бидат „насочени“ кон одреден град или општина во однос на бројот на заразени по глава на жител, но исто така истакна дека нема да има повеќе „затворања“ како во март и април.
Во Србија изминатите денови, е регистриран зголемен број на заболени од корона вирусот, а вчера бројот на дијагностицирани беше 254.
Најмногу заразени има во Белград, Нови Пазар, Ужице, Крагуевац, Врање …А.Р.