сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаГерманија најави можно ново затворање на границите во ЕУ поради короната

Германија најави можно ново затворање на границите во ЕУ поради короната

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас не ја исклучи можноста некои граници во Европа да бидат затворени повторно во случај на големо зголемување на заразените со корона вирусот, но тој истакна дека тоа нема да се случи повторно без гласање.

– Не може да се исклучи можноста за повторно затворање на границата ако бројот на заразени лица во еден регион на ЕУ е значително поголем отколку во друг – рече Мас за германската новинска агенција ДПА.

Тој истакна дека сличен потег ќе треба да се координира низ цела Европа.

На почетокот на пандемијата на коронавирус, голем број на членки на ЕУ, вклучително и Германија, ги затворија границите еднострано.

Речиси сите граници во ЕУ и Шенген зоната се отворија, со исклучок на Норвешка и Финска, кои планираат да ги отворат своите премини кон средината на јули.

Мас истакна дека Европа научила многу од кризата, не само преку дефицитите, туку и преку силата.

Германија ќе го преземе претседателството со ЕУ на 1 јули, а Мас признава дека другите членки имаат големи очекувања од Берлин.

Тој додаде дека за него најважни цели на германското претседавање со ЕУ се договорот за кризен фонд за реконструкција по пандемијата и буџетот на ЕУ до 2027 година, како и успешното завршување на преговорите за Брегзит и постигнување на заедничка позиција во борбата за превласт меѓу САД, Кина и Русија.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ