понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаБрисел ја објави листата со 14 земји чии државјани ќе може да...

Брисел ја објави листата со 14 земји чии државјани ќе може да патуваат во земјите на ЕУ, Северна Македонија не е на листата

Европската унија (ЕУ) и покрај то ашто најавуваше дека листата ќе биде објавена утре, веќе го објави списокот од 14 земји од кои, и покрај пандемијата на вирусот корона, на патниците ќе им биде дозволено да влезат во Унијата од 1 јули, вклучувајќи ги и Србија и Црна Гора, но не и Македонија, Албанија, Косово и БиХ.

БиБиСи наведува дека Соединетите држави, Бразил и Кина исто така не се на списокот на безбедни земји, истакнувајќи дека ЕУ е подготвена да ги вклучи кинеските граѓани на списокот доколку кинеската влада понуди заемен договор за патување за граѓаните на Унијата.
На списокот во моментов се наоѓаат Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Британската агенција забележува дека списокот веројатно ќе биде дополнет.
Во рамките на блокот се укинати граничните контроли за граѓаните на ЕУ, а правилата за патниците во Велика Британија се одвоени од преговорите за „Брекзит“. Граѓаните на Велика Британија и натаму се третираат на ист начин како и граѓаните на ЕУ до крајот на транзицискиот период кој завршува на 31 декември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ