среда, ноември 20, 2024
домаЖивотВо последново деноноќие 126 новозаболени, 4 починати и 48 оздравени пациенти

Во последново деноноќие 126 новозаболени, 4 починати и 48 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19. Повторно најмногу има во Скопје – 66 лица, па во Тетово 19 и Штип 15. Куманово има 6, Кавадарци 4, Прилеп и Ресен по 3 новозаразени , по две новозаразени лица има во Струга, Велес, Гостивар и Пробиштип и по едно лице во Битола и Свети Николе.

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

Во земјата, досега се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557 лица.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ