За време на епидемијата на корона вирусот, најголеми проблеми претрпе тенисот, бидејќи немаше играње скоро пет месеци.
Сезоната официјално започнува во август од Вашингтон, а шпанскиот весник „Марка“, пред враќањето на сезоната, известува на каков принцип ќе се одземаат бодовите, иако не се играле.
Правило е играчите да бранат поени на турнирите на кои ги освоија, но сега кога немаше играње, ова е најрегуларниот начин за одземање на бодовите.
Шпанска „Марка“ известува дека во овој момент најреално е поените, кои не се ни одбранети, постепено да се одземаат за една година. А.Р.