петок, ноември 15, 2024
домаНасловнаНовак и Јелена Ѓоковиќ негативни на Ковид-19

Новак и Јелена Ѓоковиќ негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на Ковид-19. Ова го покажаа најновите резултати од ПЦР тестот што и двајцата го направија во Белград. Новак и Јелена не чувствуваа никакви симптоми на вирусот, а направија тест по претходен договор со лекарите.

Претходните 10 дена, од враќањето од Задар, семејството на Ѓоковиќ ги помина во изолација, следејќи ги сите протоколи и мерките за безбедност поврзани со Ковид-19.

Најдобриот тенисер на светот минатиот вторник објави дека и тој и неговата сопруга Јелена се позитивни на вирусот по пристигнувањето од Задар, каде што учествуваше на Адриа турнирот што го организираше со пријателите.

Покрај Ѓоковиќ, позитивни тестови имаа и Виктор Троицки, Григор Димитров, Борна Чориќ, како и многу други учесници на тенискиот спектакл во Белград и Задар. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ