петок, декември 20, 2024
домаНасловнаЗадолжителни ПЦР тестови за државјаните на Србија, БиХ, Косово и Црна Гора...

Задолжителни ПЦР тестови за државјаните на Србија, БиХ, Косово и Црна Гора за влез во земјава

Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе мора задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја, одлучи Владата на 75-тата седница што се одржа денеска.

Со дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина покрај ПЦР тест ќе се бара да приложат и пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Дополнувањето на одлуката стапува на сила од утре, 9 јули. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ