Србија ќе добие две нови ковид болници, кои ќе се градат во два града, со цел да се подготви здравствениот систем за најавениот „судир“ на вирусот корона и сезонскиот грип.
Вкупните капацитети ќе бидат од 1.300 до 1.500 легла, а ќе бидат монтажни и се планира да бидат подигнати во наредните три месеци поради најавениот втор бран на корона, што ќе се случи во исто време со „сезоната“ на грип, пишува „Србија данас“.
Првата ќе биде на патот Батајница во Белград, помеѓу Батајница и Земун. Ќе се згрижуваат болните од северниот дел на Шумадија, Мачва и јужниот дел на Војводина. Ќе има помеѓу 800 и 1.000 кревети за полуинтензивна и интензивна нега.
Другиот ќе биде во Крушевац и ќе биде сместен во касарната „Расина, а ќе има помал капацитет од оној во Белград и ќе има околу 500 легла. Во моментов се спроведува анализа за тоа кои објекти треба да се реновираат за сместување на пациенти. Оваа болница ќе прима пациенти од јужниот и централниот дел на Србија.
Планот е да се набават неколку модуларни болници кои се инсталираат брзо и ќе може, доколку е потребно, да бидат преместени од една до друга локација. А.Р.