понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаКина: Катастрофални поплави предизвикани од невидени врнежи, 141 жртва

Кина: Катастрофални поплави предизвикани од невидени врнежи, 141 жртва

Долината на реката Јангце е погодена од невидени врнежи од дожд во последните 50 години и поплави во кои има бројни човечки жртви, вкупно 141 досега, објави АП.

Скоро целата територија на Кина беше погодена од невремето, вклучително и области на западниот дел на земјата – Тибет и Синџијанг, изјави заменик-министерот за вонредни ситуации Женг Гуогуанг.

Штетата е проценета на неколку стотици милиони долари, што нанесе нов удар на кинеската економија, која е во тешкотии поради пандемијата на коронавирус.

Провинцијата Хубеи, богата со реки и езера, беше особено погодена, но поплавите исто така сериозно ги загрозија градовите во централна и јужна Кина.

Покрај зголемувањето на нивото на најголемата река во Азија, Јангце и другите реки и езера во Кина имаат вознемирувачки висок водостој, предупреди кинескиот заменик министер за вонредни ситуации Женг Гуогуанг. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ