Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс е убеден дека ќе бидат потребни повеќе од една доза на потенцијална вакцина против корона вирусот за имунизација на луѓето.
– Се чини дека ниту една од вакцините нема да делува со една доза во овој момент. Тоа беше надеж на самиот почеток – рече Гејтс за „Си-Би-Ес“.
Овој милијардер и филантроп донираше 300 милиони долари за глобални напори за борба против Ковид-19.
– Ако се обидете да ја блокирате целата трансмисија, тогаш ќе ви требаат 70-80 проценти покриеност на глобално ниво. Тоа се неверојатно големи бројки – додаде тој.
На прашањето дали евентуална вакцина ќе биде безбедна, Гејтс рече дека Федералната агенција за лекови на САД може да спречи некоја небезбедна вакцина да дојде на пазарот.А.Р.