понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотПродолженото породилно ќе трае се додека траат времените мерки, а нема решение...

Продолженото породилно ќе трае се додека траат времените мерки, а нема решение за родителите на кои им истекол договорот за работа

Родителите на продолжено породилно отсуство остануваат да се грижат за децата се до укинување на времените мерки, информираа од МТСП. Од министерството, во изјавата за ТЕХТ.МК се вели:

-Согласно одлука на Владата, продолженото породилно отсуство ќе трае до истекот на времените мерки. Секако, времените мерки за оваа категорија на граѓани нема да биде укината и работничките да тргнат на работа,  без  притоа да се овозможат услови  децата да бидат згрижени. За укинувањето на времените мерки и за отварање на градинките, одлука ќе донесе Владата на Република Северна Македонија. 

На барањата на родителите кои останаа без примања, бидејќи кога заминале на продолни отсуство биле пријавени на определено веме, а во меѓувреме газдите не им го продолжиле работниот однос, од МТСП велат дека можат да ги користат мерките на Владата и ги упатуваат да се обратат во Центарот за вработување, заради остварување на право на паричен надоместок, согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Од МТСП во однос на барањето на родителите кои останаа без паричен надоместок поради тоа што биле вработени на определено време и договорот во межувреме не им е продолжен велат:
-Договорите на определено време не се продолжуваат по автоматизам. Работодавачот одлучува дали има потреба договорот за вработување на определено време да се продолжи и по неговиот истек, согласно потребите на работниот процес.
Работничките коишто биле на породилно отсуство, а притоа договорот за вработување не им бил продолжен,  можат да се обратат до Центарот за вработување, заради остварување на право на паричен надоместок, согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Имено, ова право можат да го остварат доколку биле во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во пооследните 18 месеци.

Во сегашнава состојба на постоење на пандемија на COVID-19, мајките на кои престанал да им важи договорот за вработување, по истекот на платено породилно отсуство, немаат обврска да се вратат на работното место и нема основ нивното породилно отсуство да им биде продолжено. Тие остануваат дома и продолжуваат да се грижат за сопственото здравје и здравјето и безбедноста на детето. Правото на отсуство за време на бременост, раѓање и родителство е право од работен однос, а оваа категорија на работнички веќе не е во работен однос.

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ