петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЖивотна срединаВо Турција отворена најдолгата непрекината велосипедска патека во светот

Во Турција отворена најдолгата непрекината велосипедска патека во светот

Протегајќи се по источниот брег на Медитеранот во Турција, новата велосипедска патека е отворена во јули годинава и им нуди можност на велосипедистите од цела Турција да уживаат во континуирано и живописно возење.

Една од најдолгите патеки во регионот и најдолгата непрекината велосипедска патека во светот, ги поврзува Самандаг и Арсуз, два окрузи на јужната турска провинција Хатај и се протега покрај 25 километри долгата делница од патот.

Толга Озчелик, турски велосипедист, изјави за агенцијата Ихлас (ИХА) дека патеката е важна за туризмот, но и за користење на локалното население во регионот. Неговата единствена забелешка е дека некои возачи на автомобили преминуваат на патеката на одредени делови, игнорирајќи ги знаците на забрана за моторни возила.

Велосипедската патека е дел од целите на Турција да промовира поздрав начин на живот и да ги намали емисиите од моторни возила преку промоција на велосипедизмот.

Турција планира да воспостави 4,755 километри велосипедски патеки до 2023 година, а во моментов има 114 километри велосипедски патеки низ градовите Батман, Битлис, Чанакале, Истанбул, Коња, Киршехир, Котахја, Мерсин, Мугла, Нигде, Орду, Ризе, Сиирт, Трабзон, Токат , Јозгат и Зонгулдак.

Патеките ќе бидат интегрирани во европската ЕвроВело, мрежа од 15 патеки за велосипедизам на долги релации кои го поврзуваат континентот.

Заедно со урбаните локации, велосипедските патеки се градат во заштитените подрачја, како што се националните паркови. На пример, ќе се градат линии помеѓу западниот град Измир и медитеранскиот град Анталија, рута што поминува низ популарните одморалишта и историските места од античкиот град Патара до Датче и Бодрум во провинцијата Мугла. Патеки ќе се градат и околу езерото Туз, во централна Турција.

Според новата регулатива која стапи во сила во 2019 година, задолжително е вклучување на велосипедските патеки и местата за паркирање во новите планови за зонирање.

Велосипедските патеки се исто така интегрирани во другите превозни средства, како што е масовниот транзит и ги поврзуваат станбените области, спортски објекти и зафатени јавни простори. На места без планови за зонирање, како што се рурални области, ќе се градат поедноставни патеки за велосипедисти. Со регулативата се дефинирани и „велосипедски автопати, мостови и тунели“, значајна промена за земја во која велосипедистите честопати мора да се возат по странични автопатишта поради недостаток на велосипедски ленти, ризикувајќи ги нивните животи. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ