понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотБалканот се предвидува да прерасне во ненаселива пустина

Балканот се предвидува да прерасне во ненаселива пустина

Објавена е мапа на порталот „Big Think“ што покажува како ќе изгледа светот кога просечната годишна температура ќе биде за четири степени повисока од денес.

“Полинезија веќе ја нема, таа е потоната под морето. Пакистан и јужна Индија се напуштени и Европа полека се претвора во пустина. Таквата ситуација нè чека кога светот во просек ќе биде потопол за само четири степени годишно”, се вели во извештајот на Big Think.

Западен Антарктик не е повеќе само мраз и не е ненаселен. Ќе се воспостават нови градови во новите зелени области. Северна Канада, Скандинавија и Сибир ќе хранат стотици милиони климатски мигранти кои ќе бидат принудени да ги населуваат тие области, велат научниците.

Во текстот се вели дека „сега е вистинско време да се купи недвижен имот во Гренланд, пред да стане зелен“.

Местата на картата означени со кафеава боја претставуваат територија која ќе биде ненаселена поради сушите и екстремните временски услови, а меѓу нив се и источниот брег на Соединетите држави, Централна Америка и центарот на Јужна Америка.Во Африка, Мадагаскар и Мозамбик ќе завршат како нив, во Азија, Индија и Пакистан, а Индокина и Индонезија ќе останат напуштени.

Областите што ќе станат непопустливи пустини се обележани во портокалова боја, вклучувајќи го целиот Балкан, Австрија, Унгарија, Германија, Шпанија, Португалија… Тоа е, цела јужна Европа. Реките целосно ќе се исушат, а како што се предвидува на картата, нема да има повеќе снег на Алпите.
Црвената означува територија што ќе треба да биде поплавена поради зголемувањето на нивото. Се претпоставува дека четири степени повисока температура ќе предизвика покачување на нивото на морето до два метра. Иако црвената територија се чини дека не е голема на картата, таа е густо населена област. На пример, во Соединетите држави, тоа е повеќе од десет проценти од нивната популација.

Светло зелена боја укажува на области каде ќе биде можно да се одгледува храна и да се воспостават нови градови. Меѓу нив е Западен Антарктик, како непрепознатлива и нова густо населена област. Нов Зеланд, исто така, ќе стане една од најгусто населените области во светот.

Во Сибир и Канада, врнежите од дожд и повисоките температури ќе создадат идеални услови за одгледување храна за поголемиот дел од светот, додека засолниште за поголемиот дел од светското население ќе понудат Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија.
Темно зелената боја означува област каде е можно пошумување, но дури и напуштените области нема да останат бескорисни. Оние обележани со зелени точки ќе се користат за производство на сончева енергија и црвените точки за производство на геотермална енергија.

Огромни фарми со ветерници на бреговите на Јужна Америка, Алјаска и Северното Море ќе ја произведуваат потребата од енергија за остатокот на планетата.

Н.Д.

Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ