Со најавата дека детските градинки наскоро ќе се отворат, почнаа да стасуаваат информации од загрижени родители од кои се бара да потпишат изјава во која меѓу другото се вели следново:
“ Детската градинка го осигурува запазувањето на сите неопходни хигиенски барања за заштита на здравјето и животот на моето дете и на сите други деца, но не може да
даде гаранции за непренесување на заразни заболувања, во таа смисла и наCOVID- 19.“
И, ни помалку, ни повеќе се бара од родителот да го потпише ова. Меѓу другите мерки кои родителите треба да ги потпишат во изјавата, покрај тоа што мора да донесат уверение од работа дека и двајцата родители мораат да ги извршуваат работните обврски со физичко присуство на работното место, е и дека се согласуваат детето да биде преместено во друга установа или друга група доколку е погоелема бројката на деца од дозволената во групата вокоја досега одело детето. Дозволена бројка е 15 деца во поголемите групи, а 6 деца во јасли. Со ова останува да виси прашањето што со оние деца кои се вишок, бидејќи во изминативе шест месеци не се изградија толку нови градинки да ги приберат сите деца во група од по 15 и што со ние родители чии деца нема да успеат да си обезбедат место во градинка?!
Според информациите кои стасуваат од родителите, од градинките, особено од приватните, им се јавувале и ги информирале дека од 1ви септември ќе започнат со работа. Но, се уште не им ја испратиле изјавата која родителите треба да ја потпишат, а со која од градинката (не)гарантираат за непренесување на заразни заболувања, во таа смисла и на COVID- 19. За разлика од нив државните градинки изјавата, заедно со протоколите ја имаат објавено на нивните интернет страни.
Изјавата која родителите треба да ја потпишат може да ја прочитате ТУКА.
Н.Д.