вторник, октомври 22, 2024
домаКолумни„Банда“ без команда?!

„Банда“ без команда?!

Пишува: Наташа Доковска

И во втората половина од август се уште многу работи останаа неодговорени и ги оставија родителите да се мислат кој пат да го фатат. Секој ден некој од „свои извори“ разбира дека градинките и училиштатат ќе се отвораат, од градинките се јавуваат дека од 1ви септември ќе се отворат, приватните градинки веќе и пари собираат, по училиштата се бојадисуваат училиштата и се прават нови катчиња за децата…А, одговор кога ќе почнат се уште нема! Како ќе учат, па, уште помалку!

Читам дека од Бирото за развој на обарзованието отишле на колективен одмор. Па редно е нели!? Се изработија, донесоа модули, протоколи, ја најавија учебната година и сега изнанедени од ланскиот снег заминаа на одмор…

За градинките и родителите на породилни се чека некој да пресече кои деца ќе одат во градинка,а кој не! Но, што со оние родители кои им се продолжуваше породилното? Има ли јунак да им каже што понатаму? Или завршија изборите и сега не им требаат гласови, па не им требаат ни родителите на породилно?!

Во градинките ќе има место само за 30% од досегашната бројка на деца што посетуваа градинки? Што со останатите? Сигурно 70% од родителите не работат он лајн и што ќе се случи со оние родители кои немаат врски и нема да успеат да ги „протнат“ децата во градинка? Која дискриминаторска политика!

Читам Филипче вели дека родителите треба да имаат опција да изберат меѓу онлајн и настава во училиште! Но, зарем наставничката еднаш ќе работи со децата во училница, а после ќе им се обрати на оние кои онлјан очекуваат настава. Имаме ли бројка колку се оние кои сакаат онлајн и оние кои не сакаат? Подговтија ли училиштата изјави дека ќе гарантираат за здравјето на нашите деца? Колку што знам во училиштата подготвувале изјави што родителите треба да ги потпишат дека прифаќаат децата да учат, но дека училиштата не гарантираат дека нема да се заразат? Е како така, нели има протоколи кои гарантираа се!

На само две недели од почнување на учебната година имаме БАНДА БЕЗ КОМАНДА, но насоки за училиште и градинки НЕ!

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ