Ледената покривка на Гренланд се топи неповратно. Ова се наодите од студијата на научниците од Универзитетот во Охајо. Тие стравуваат дека мразот ќе се намали, дури и ако глобалното затоплување денес престане.
Анализите покажуваат дека на крајот на минатиот век мразот се намалувал на годишно ниво за околу 450 гигатони. Од почетокот на 21 век, загубите достигнале 500 гигатони.
Според друга студија на универзитетот Линколн во Велика Британија, топењето на мразот во Гренланд може да предизвика нивото на морето да се искачи за 10-12 см до 2100 година.
Арктикот би можел да снема мраз до 2035 година. А.Н.