четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеНови сознанија: Инфицираните со коронавирус заразни и шест дена пред симптомите?

Нови сознанија: Инфицираните со коронавирус заразни и шест дена пред симптомите?

Новите сознанија од Техничкиот универзитет (ЕТХ) во Цирих можат да го променат начинот на кој се бараат контактите на позитивно тестираните лица, бидејќи се покажа дека тие се заразни многу порано отколку што се претпоставуваше.

Досега, експертите претпоставуваа дека инфицираните со корона се заразни два дена пред појавата на болеста.

Сепак, новата анализа на научниците од ЕТХ укажува на многу порана заразност.

„Нашите анализи покажуваат дека инфицираните луѓе можат да го пренесат вирусот до пет или шест дена пред болеста“, рече Питер Ешкрофт од ЕТХ за швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“ (НЗЗ).

Тој посочи дека за да се најдат сите контакти кај позитивните случаи, треба да се испитува до четири дена пред симптомите. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ