понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотГрадинките ќе се отвораат, но деца не се запишуваат

Градинките ќе се отвораат, но деца не се запишуваат

Во пресрет на најавата на минситерот за здравство Венко Филипче дека утре, четврток би требало да има конкретен став околу работата на градинките, до нашата редакција стасуваат постојано поплаки во кои не информираат дека деца во јасли не запишуваат!

ТЕХТ.МК се обиде да дојде до информација зошто не се запишуваат деца во најмлата група во градинка, но одговор не добивме. Образложението е дека се додека не се изгради заеднички став не можат да одговорат на прашањата.

Но, остануваат да висат многу неодговорени прашања за родителите…Имено, родителите кои се на продолжено породилно прашуваат зошто не е решен нивниот статус и дали ќе ги стават пред свршен чин?!

Министерот Филипче вчера кажа дека се работи во координација со сите институции и рече ако „некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство“, но останува нејасно што тоа значи? И како „ако некој“? Нели сите сме еднакви и мерките за сите подеднакво треба да важат? До крајот на месецот остануваат помалку од десет дена ако се знае дека има продолжен викенд, решение нема, а родителите тврдат дека во Фондот за здравствено им кажуваат дека надоместокот за породилно отсуство е прекинато.

Исто така останува нејасно што во едно семејство каде што има повеќе деца во кои некое е на училиште со онлајн настава, друго со физичко присуство, и трето во градинка? За секое дете различен аршин? Сите три деца не се дел од едно семејство? Или какошто било порано, сите ќе ги жртвуваме за едното?!

Има многу нејаснотии во оваа тема, како и инсистирањето да се отворат градинките. Јасно е дека економскиот е најголем, но што со здравствениот аспект. Во протоколите, на пример, пишува дека играчките исто ќе бидат на дистанца, како и седењето (?), меѓусебната комуникација ќе се сведе на минимум…па која е функцијата тогаш на градинката? По социјалните мрежи самонарачените експерти тврдат дека не одењето во градинки, па и во услови на пандемија, претставува затој во социо-писхолошкиот развој на детето. А,нема ли да биде дополнителен стрес да се гледаат сите преку маски, везири, да не можат да ја разберат негувателката што им говори, оти нели мора барем тие да носат везири, да им се мери температура на неколку часа, а згора на тоа играчки нема!

Сепак, да почекаме до утре и да видиме што ќе одлучу Владата. Минситерот Филипче неколкупати најави дека здравјето е пред се!

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ