понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотРодителите безусловно ќе одлучуваат каква настава ќе следат нивните деца

Родителите безусловно ќе одлучуваат каква настава ќе следат нивните деца

Според информацијата што беше споделена за вчерашната средба на владини претставници со родителите на двете спротивставени групи за онлајн, односно физичко присуство на наставата делумно се разјаснија за родителите. Средбата била одделна со секоја група, но и двете групи имале прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното образование во услови на КОВИД-19, а која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Според информацијата од Владата, предвидена е комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата, но и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство. Официјалната информација укажуваат на тоа дека задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн. Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите.

Од друга страна, Светлана Димитриевска и Милица Шкариќ беа претставници од  групата на родители кои се залагаат за онлајн настава. Димитриевска појасни неколку работи поврзани со средбата меѓу родителите и претставниците на Владата. Според неа интенцијата на Владата е за физичко присуство на децата на наставата, но дека по презентирање на ставовите и аргументите на групата родители кои се залагаат за он лајн настава, беше јасно кажано дека е удоволено барањето за онлајн настава по избор на родителот, и тоа безусловно.

Претставничката на групата за онлајн настава информира дека за време на состанокот  воопшто не станало збор за ослободување од работа поради кусото време определено за таа средба, како и дека владините претставници потврдиле дека се уште не е остварена средба со наставниците, но дека таква средба е во план.

Што ќе значат „прифатливи причини“ за да се донесе одобрување детето да следи онлајн настава, како и тоа кој ќе ја носи таа одлука, се уште не е познато, но со пролонгирање на почетокот на учебната година родителите се надеваат дека ќе добијат дополнителна информација.

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ