Апелација донесе одлука да се прифатат прислушуваните разговори како доказ во постапка во случајот Титаник 2.
Станува збор за разговори кои се воделе меѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и Мендух Тачи. Во разговорите се слуша како тие се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.
Колку за потсетување, на прес-конференцијата на која Специјалното јавно обвинителство ја објави информацијата за отворената истражна постапка, обвинителката Фетаи тогаш рече дека предметот за „Титаник 2“ е втор по важност предмет после прислушкувањето каде е нападнат целокупниот уставен и правен поредок и особено најважните човекови права.
Обвинетите Мијалков, Тачи, како и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, сегашниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петтемина судии од Управниот суд, не дојдоа на вчерашната јавна седница.