среда, ноември 20, 2024
домаЖивотВо првите три дена од почеток на годината, во Франција затворени 22...

Во првите три дена од почеток на годината, во Франција затворени 22 училишта поради корона вирусот

Учебната 2020/21 година во Франција започна на 1 септември за сите ученици со почитување на санитарните мерки и протоколи, но три дена подоцна се затворени 22 училишта по откриените случаи на коронавирус во нив, известува весникот LADEPECHE.

Според овој медиум, Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкие, утринава соопшти дека во европскиот дел на Франција се затворени 10 училишта и 12 на островот Реунион, но тој потенцирал дека во однос на шеесетте илјади основни и средни училишта во Франција, ова е релативно мала бројка на затворени училишта.

– Што се однесува до одделенијата, погодени се околу стотина. Бројката се менува секојдневно. Ние  дневно активираме 250 антиковид протоколи. Односно, дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за зараза со Ковид-19. Интересно е да се забележи дека сомневањата поврзани со Ковид-19 во училиштата се поврзани со надворешни фактори”, истакна Жан Мишел Бланкие.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ