Министерот за здравство Венко Филипче објави на неговиот фејсбук профил за последнире препораки да Владата за ублажување на псоледиците од корона вирусот. Филипче напиша:
„Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста. За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе им трае до 31.12.2020 година. Продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.„
Она што отанува нпознато е дали кончено ќе се реши и статутот на родителите кои го изгубија правото на продолжено породилно отсуство, бидејќи биле пријавени на определено време пред прогласување на времените мерки. Само колку за потсетување од Хелсиншки комитет за човекови права обаснија дека тоа е дискриматорски однос и дека според Законот за работните односи во членот 170 став 2 предвидува работничката на која и престанал договорот за вработување на определено време поради истек на договорот и користи надоместок на плата за време на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, продолжува да го користи правото до истекот на отсуството на товар на органот надлежен за спроведување на задолжителното здравствено осигурување. Оттука, без исклучок, на сите работнички на кои им престанал договорот за вработување на определено време додека го користат породилното отсуство имаат право на продолжување на породилното отсуство и исплата на надоместокот се до истекот на времените мерки.
Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата, информираат од Министерството за здравство
Н.Д.