понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотРодителите на продолжено породилно најавуваат протести доколку не им се продолжи породилното...

Родителите на продолжено породилно најавуваат протести доколку не им се продолжи породилното како што предложи Комисија за заразни болести, до 31 декември

Одлуките од денешната седница на Владата со нетрпение ги очекуваа родителите на продолжено породилно отсуство, бидејќи како штопред некој ден најави министерот за здравство Венко Филипче, Комисијата за заразни болести предлага продолженото породилно отсуство да биде продолжено до 31 декември оваа година…Денес се очекуваше ппредлог одлуката да биде изгласана, но наспроти тоа министерката за труд и социјалн политика, Јагода Шахпаска за Канал 5 вели дека оваа предлог одлука треба да се доразгледа…

Револтирани од ваквото играње со нерви на родителите кои се на продолжено породилно отсуство, како и не изнаогање на конечно решение за нив и нивните деца во услови на пандемија, група родители на продолжено породилно отсуство и напишаа писмо на министерката, најавувајќи протести ако и понатаму продолжи да си игра со нивното трпение.

Ви го пренесуваме писмото во целост:

„Почитувана Г-ѓо Шахпаска,

Групата мајки корисници на продолжено породилно отсуство е крајно револтирана од вашата непрофесионалност и играње игри со нас и нашите деца. Имено, по првичната најава за важење на продолженото породилно отсутво до 31.12.2020 година, денес излегувате со најава дека тој датум ќе се преиспита односно можно е да биде потребно порано да се вратиме на работа. Мајките на породилно имаат доволно проблеми со неизвесностите кои што ги предизвика оваа пандемија и не им се потребни вашите премислувања и носење на одлуки од денес за утре кои им предизвикуваат непотребни стресови. Дали сте запознаени со фактот дека многу мајки кога слушнаа дека ќе бидат на породилно до 31.12.2020 не ги запишаа своите деца во градинка, со цел да го отстапат своето место на тие на кои навистина им треба, а и да не создаваат непотребен притисок на градинките и нивните вработени. Ова не се однесува само на нивните новороденчиња, туку и на нивните други повозрасни деца од возрасната група до 6 години кои овие мајки исто така ги чуваат за времетраењето на нивното породилно отсуство. Зарем во време кога се трошат милиони евра за ваучери за шетање по плажи и државна помош на профитабилни компании, најголем проблем е надоместокот за неколку месеци продолжено породилно отсуство на стотина мајки на породилно? Тука ли ќе почне штедењето? Што ќе се случи наесен доколку започне тој толку најавуван втор бран и ако пак се затворат градинките? Породилното е прекинато и секоја мајка со дете на возраст до 2 години ќе се снаоѓа како знае и умее. Која е таа приватна компанија која ќе им дава плата за седење дома? Не сте свесни дека ќе се вршат притисоци врз мајките да се вратат на работното место? Притисоци кои патем кажано и сега се вршат ама колку толку поради продолженото породилно и фактот дека не земаат плата туку надомест од ФЗО, не се толку изразени. Имате направено анализа колку работодавци попрво ќе дадат отказ на работничка отколку да и даваат плата за седење дома? Овде не сакаме ни да ја спомнуваме вашата „генијална“ идеја за работа од дома со истовремено чување на деца, која што секој што има мало дете знае дека е апсурдна. Во време кога се уште за овој вирус не се знае доволно и секој ден излегуваат нови информации кои се дијаметрално спротивни со тие од претходниот ден, нема да дозволиме да се експериментира со нашите деца. Слушаме доктори и официјални лица секој ден милион пати како повторуваат дека единствена заштита од вирусот е социјална дистанца и носење маски, а сега децата кои ниту може маска да носат, ниту социјална дистанца да одржуваат ќе ги праќаме во градинка без заштита. За што? За да им го „тестираме“ имунитетот? Или да се заштеди некој денар па да има на зима и ваучери за зимски туризам? Бараме од вас да ја потврдите одлуката за продолжување на породилното отсуство до 31.12.2020 година, да не носите одлуки од денес за утре и да не си играте со нашата и судбината на нашите деца. Спремни сме за на протест!„

Дали министерката ќе го прочита писмото и ќе реагира на истото не  е познато, но имајќи ги во предвид нејзините претходни хаотични изјави, наведува на тоа дека за се што ќе каже потоа следи „пу пу не важи„! Како и да е да оставиме да видиме кој ќе биде нејзиниот следен потег!

П.С. Министерката, а и одговорните од ФЗО се уште немаат одговор и на барањата на мајките на  прородилно со договор за работа на определено време на кои им беше ускратено правото на продлжено породилно отсуство и покрај тоа што истото им беше ефективно во време на стапување на сила на времените мерки. Само колку за потсетување министерката Шахпаска пред некој ден го стави во владина процедура нов закон за спречување и заштита од дискриминација, но не препознава дискриминација во случајот со гореспоменатите родители…

А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ