среда, ноември 20, 2024
домаЖивотПрв случај на корона во градинка - негувателка од Битола позитивна на...

Прв случај на корона во градинка – негувателка од Битола позитивна на вирусот

Како што пренесува Центарот за јавно здравје  – Битола, негувателка од градинка во Битола е позитивна на ковид-19, и е една од четворицата новорегистрирани лица на корона вирусот од Битола во последното деноноќие. Тоа резултираше пет деца, три воспитувачки и две негувателки да се стават под здравствен надзор и во домашна изолација од 14 дена. Ова се случува на само три дена по почнувањето со работа на градинките.

Денес во здравствениот билтен на Министерството за здравство регистрирани се четворица новозаболени битолчани, а тројца се оздравени. Меѓу четворицата заболени се лица на возраст на возраст од 54 до 65 години, а само едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице, соопшти Центарот.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ