четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотВладата родителите ги врати на работа, а децата ги остави на улица

Владата родителите ги врати на работа, а децата ги остави на улица

По училиштата се делат сведителствата, децата добиваат учебници за тековната година, а родителите лист со изјава во која треба да се изјаснат како децата ќе ја следат наставата. Изјавата во ниедно училиште не е на меморандум, а уште помалку унифицирана и еднаква за сите. Барем општините, под чија надлежност се  училиштата, да направеле мал напор и да им испратиле унифициран текст.

Но, нејсе!

И тоа не е толку важно колку што е важно како ќе тече наставата и што со децата по завршување на наставата ако се има предвид дека целодневна настава нема, а нема ни решение за родителите чии што деца се на настава до 11 15 часот, а потоа,  веројатно на улица.

Само колку за илустрација во ОУ наставата за учениците кои ќе следат физички настава, ќе се одвива од 8 до 11 15, а за оние што ќе следат онлајн од 11 45 до 14 15 часот! Прашање кое верувам секој родител си го поставува е што со децата по 11 часот, како и кој ќе им вклучи компјутер на оние кои ќе следат онлајн настава ако родителите мора да се на работа?

На прашањето пак насоки за следење на наставата се уште нема. Одделенските наставници на децата од 1-3 одделение само велат дека ќе не информираат кога и тие ќе добијат насоки. И тоа на само 2 недели од продолжениот распуст на децата!

За утре се најавува седница на Владата на која се слуша дека ќе се говори за законските промени во образованието, како и тоа дека оваа година, во услови на вонредни мерки учебната година да биде 100 дена, за што патем ТЕХТ.МК пишуваше уште пред еден месец! Но, и за тоа не се подготвени! А зошто, само тие знаат.

Владата која на почетокот на кризата покажа интерес за помош на граѓаните, последниве денови како да се предаде! Ниеден предлог на Комисијата за заразни болести за нив наеднаш не е легитимен, и ги „фрлаат во вода“ децата и родителите. За децата ги отвораат градинките, родителите пак на работа ,иако не нашле решение кој ќе ги чува децата! Изненадува и тоа што токму министерките жени им се спротивставувват на мајките, заборавајќи на женската солидарност.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ