сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотУтре втор протест на мајките кои бараат продолжено родителско отсуство - ќе...

Утре втор протест на мајките кои бараат продолжено родителско отсуство – ќе бараат министерката да им ги запише децата во градинка, бидејќи нели има место!?

И по денешната прес конференција на која министерката за труд и социјална политика не успеа да ги разубеди граѓаните дека нејзините потези за враќање на родителите кои користат продолжено породилно отсуство, патем министерката треба да знае дека станува збор за родителско отсуство, мајките што бараат продолжување на отсуството до 31 декември, се организираат за втор протест.

Протестот е закажан за утре, 21 Септември, а местото и времето е исто како и првиот- пред Влада на РСМакедониај, со почеток во 17 30 часот. Родителите не отстапуваат од своето барање породилното да им биде продолжено до 31 декември, како што патем предложи и единствена Комисија што има мандат за тоа, Комисијата за заразни болести.

Бледи и неубедливи објаснувањата на министерката, како инемањето одговор за слободни места во градинките што министерката вели дека ги има, мајките кои се борат за нивните права направија анализа на слободни места во градинките. Според истата, места има само во некои градинки, и најмногу во внатрешноста. И самата министерка на денешната прес конференција кажа дека проблемот со градинките го наследила, но дека до крајот на годината ќе се изградата и адаптираат нови места. Но, родителите прашуваат што да прават до тогаш?

Минситерката не одговори ни што со оние мајки на кои им беше укинат надоместокот бидејќи имаа договори за вработување на определено време, а за која реакција испрати допис и Хелсиншки комитет потсетувајќи е дека одлуката е дискримианторска, а нема одговор ни за самохраните родители и за родителите на деца од 6-10 години кои се оставени сами на себе со укинување на одлуката на 8 јули 2020.

Од друга страна зголемената бројка новозаболени опоменува и како што дознаваме во Комисијата за заразни болести станало збор за затворање на градинките, како и за недавање зелено светло за целодневна настава!

Како и да е утре повторно на протест, а конечна одлука за родителското отсуство се очекува во вторник, бидејќи мајките и хроничните болести треба да се вратат на работа веќе во среда на 23ти септември. Како сега за сега стојат работите, мајките утре ке почнат со изградба на импровизираната градинка пред Владата на РСМакедонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ