понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотКомисијата за заразни болести не донесе одлука за отворање на целодневна настава

Комисијата за заразни болести не донесе одлука за отворање на целодневна настава

Како што неофицијално дознаваме, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не донесе одлука со која ќе препорача целодневна настава за децата кои со физичко присуство треба да тргнат на училиште на 1 октомври. Комисијата побарала точни податоци од МОН колку деца во еден клас би користеле дневен престој за да можат да изготват соодветни протоколи.

Нема ни точни информација дали Комисијата дозволила во јасли групите да има до 12 деца, наместо досегашните препораки бројот на деца во една група да биде максимум шест!

Само колку за потсетување Комисјата за заразни болести не препорача да има целодневна настава за децата кои ќе посетуваат физичка настава, но по реакцијата на голем број родители за тоа кој ќе се грижи за децата по завршување на часовите кои ќе траат 2-3 часа во текот на денот, ова прашање повторно се актуелизира.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ