Мајките на продолжено породилно (родителско) отуство направија анализа на актуелната состојба со градинките кај нас, приказ кој досег аникој од одговрните не сакаше да го прикаже. Дали поради тоа што ги немаат сеопфатните анализи или не одговараат на владината Одлука за враќање на мајките на работа и прекинување на продолженото породилно отсуство, останува нејасно. Но, она до што дојдоа мајките кои бараат продолжување на породилното отсуство е дека места во градинките нема како што ресорната министерка тврди.
Според извештајот на Европската комисија само катастрофални 30% од децата се запишуваат во градинка, а причина за тоа е недоволниот број на места во градинките во Република Северна Македонија. Овој процент произлегува од вкупниот капацитет на градинките на територијата на државата кој според тогашната министерка Мила Царовска, во 2019та година, бил 40 илјади места во 69 градинки.
На пример, во општина Куманово каде во периодот од 2013 до 2019 година родени се 8234 деца градинката „Ангел Шајче“ со своите 10 објекти имаат капацитет за сместување на вкупно 11 групи јасли (од 9 до 24 месеци) и 35 групи за деца од 2 до 6 години, распределени низ целата територија на општина Куманово. Тоа значи дека градинката „Ангел Шајче“ има капацитет да смести само 972 деца од вкупно 8234 деца на возраст предвидена за престој во градинка.
Мајките прашуваат како наеднаш според тврдењата на минстерката Јагода Шахпаска, и покрај намалениот капацитет заради пандемијата, места има па дури и одвишок?
Каде отидоа тие 20 илјади деца кои биле запишани во градинка во 2019та година и каде ќе се згрижат останатите 70% што во 2019та година воопшто не успеале да се запишат?
Мајките потсетуваат дека стручните анализи за безбедноста на децата која министрите на средбата ја гарантираа, стручните анализи дека протоколите во установите за згрижување се почитуваат, во пракса се почитуваат исто толку колку што се почитуваа за 2ри Август на плажата Градиште во Охрид.
Во писмото кои мајките денес го подготвија за оние кои донесуваат одлуки се вели и во кое го најавуваат денешниот протест, се вели: „Согласно проблемите со кои се соочивме како избрзаната одлука која ни остави 7 дена да ги запишеме и адаптираме нашите деца во градинка, особено оваа група од 9 до 18 месеци кои заради пандемијата нивото на социјализација им е екстремно ниско и со тоа адаптацијата во градинка ја прави по тешка и по стресна од вообиечаената, да треба да бираме помеѓу нашите работни позициии и нашите деца со што ке не доведе до раб на егзистенција
и најважно од се намерното изложување на ризик и фрлање во први борбени редови со болеста на најмалите, најкревките од страна на Владата која со оваа одлука јасно ни докажува дека не работи во корист на иднината на оваа држава, туку во корист на за нас непознати причини, очигледно поважни од децата, најавуваме протест денес во 17:30 часот повторно пред Владата на Република Северна Македонија.
Овој пат барањето ни е едно и едноставно, породилното отсуство да се продолжи се дур СИТЕ деца не бидат соодветно и безбедно згрижени со предходна доволна и задолжителна адаптација и со таа цел бараме средба со премиерот Зоран Заев бидејки нам ни треба некој кој ке не сослуша и разбере, не некој што ке ни го повторува истото што го слушаме секојдневно без да ги земе во предвид нашите аргументи.“
Инаку, д-р. сци. Александар Сајковски на барање на мајките кои се залагаат за продолжување на породилното остуство, им дал изјава во која тој вели: „Имам впечаток дека не се води грижа за најсветото на оваа планета.“
Во истата, д-р. сци. Александар Сајковски ја изнесе својата резигнираност кон актуелниот став за отварање на градинките и зголемување на групите од 6 во 12 деца.
Како и да е министерката Јагода Шахпаска неколкупати тврди дека места во градинките има, дури 19 илјади, за кои сите родители се свесни дека во нормални услови и пракса ни оодалеку не е така. А, кога кон тоа ќе се додадат и информациите за заболените деца од струмичката градинка, кои се заразиле во градинка, како и најновите информации за заразени негователки во Кочани и Куманово го ставаат под знак прашалник работењето на градинките. Оттаму и логично поставеното прашање зошто се инсистоира враќање на мајките на работа, кога прашање на ден е кога ќе се затворат градинките?!
Н.Доковска