понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотНови негувателки во градинки со корона вирус, родителите прашуваат зошто немаше тестирање...

Нови негувателки во градинки со корона вирус, родителите прашуваат зошто немаше тестирање за вработените во градинките пред отворањето, а имаше кога беа затворени

Како што пренесува радио Кочани, регистриран е позитивен тест на Ковид 19 кај негувателка и дете во градинка во Чешиново. Тоа е и прилината за времено затворање на градинката во Чешиново. Објектот Штркче по препорака на епидемиолог нема да работи до 30 ти септември, а во изолација се сите кои биле во контакт со заразените. Короната стасала и до упте една градина, но овој пат во Виница. Таму е регистрирана една негувателка со корона вирус. Поради ова група со 12 дечиња, воспитувачката и негувателката која беше на замена по препорака на епидемиологот одат во 14 дневна изолација. Има насоки да се следи нивната состојба дали ќе има промени. Направена е дезинфекција во просторијата, вели Наташа Анакиева Димитрова, директор на градинка Гоце Делчев – Виница.

Само минатата недела за 35 проценти е поголем бројот на позитивни случаи во споредба со претходно анализираниот период. Минатата недела Ковид 19 бил потврден кај 37 деца до 9 годишна возраст а 33ца од минатонеделните заразени со вирусот патувале во странство.

Досега вирусот беше потврден кај две негувателки во тетовска градинка и нивните групи со деца се во изолација, а во домашен карантин се и деца од кочанска градинка по потврден случај кај психологот во установата. Во Струмица вирусот беше дијагностициран кај три дечиња од иста група, за кои епидемиологот потврди дека се од ист кластер, односно се заразиле меѓу себе во градинка. И во битолска детска установа, како и во две градинки во Скопје се регистрирани вработени заразени од вирусот. Останува отворено прашањето зошто вработените во градинки не беа тестирани пред да тргнат на работа, а истите тие поминаа низ скриниг пред неколку месеци кога се најавуваше отворање на градинките, но тоа не се случи. Колку тоа го чинеше здравството и дали некој ќе одговара за фрлените пари сега никој не говори.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ