Во градинката „Коца Василева“ од Битола во која на самиот почеток на отворањето на градинките имаше утврдено присуство на корона вирус, сега повторно е регистриран вирус кај една негувателка. Поради позитивниот случај на негувателката од денеска една воспитувачка и 13 деца на претшколска возраст се ставени во изолација.
Само колку за потсетување во градинката „Коца Василева“ од Битола веќе беше одредена изолацина на 5 деца и 5 вработени, но за Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, состојбата во градинките е под контрола.
А.Н.