среда, ноември 20, 2024
домаЖивотНаставниците не можат да се клонираат, се бара решение за зголемена работна...

Наставниците не можат да се клонираат, се бара решение за зголемена работна недела

По најавата дека Комисиајта за заразни болести денеска предложила на Владата да има целодневна настава, наставницте реагираат и прашуваат како ќе се организираат, а СОНК вели дека е неприфатлива 50 часовна работна недела за наставниците.

– Владата денеска на седница ќе  разгледува и одлучува за воведување на целодневната настава во училиштата, потврди министерката за образование и наука Мила Царовска за време на посетата на училиштата во општина Гази Баба.

Таа потенцира дека со СОНК се договараат решенија како ќе се надмине проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците кои ќе имаат дополнителни часови, бидејќи покрај наставата со децата кои физички ќе ја посетуваат, ќе имаат обврска и за оние деца кои се определиле да следат настава онлајн.

-Ако се пушти целодневната настава, малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што си било и до сега. Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички. Затоа е важно тоа денеска да се разгледа на Влада и да се донесе одлука како што препорачуваат од Комисијата за заразни болести, рече Царовска.

Министерката за образование, Мила Цароска рече дека е разговарано со претставниците на СОНК и со градоначалнците за решение за наставниот кадар кога одделението ќе треба да се подели на помали групи. Таа објаснува дела има друг персонал којшто може да се вклучи за поддршка на целодневната затоа што во вториот дел од наставата има повторувања на знаењата кои поминале во текот на денот, што значи дека и други од училиштето може да помогне тука, а по Законот за работни односи има можност и за плаќање дополнителни часови на наставниците.

Претседатрелот на СОНК Јаким Неделков ја нагласи важноста да се најде решение за поголем обем на работа на наставниците и дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе  целодневната настава.

– Во соработка со МОН и со локалните самоуправи ќе се изнајдат решенија за сатисфакција на дополнително вложениот труд на оние наставници кои вонредно ќе имаат дополнителен број часови. За нас како Синдикат е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата, но очигледно имаме разбирање од социјалните партнери и моето убедување е дека во рамките на нивните надлежности, на МОН и на ЗЕЛС, ќе се изнајде решение зашто имаме реален проблем, додаде Неделков.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ