среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаПотпишан договор за намалување на ризикот од поплави во Полошкиот регион

Потпишан договор за намалување на ризикот од поплави во Полошкиот регион

Во понеделник (27. ноември) во хотелот Скардус, на Попова Шапка, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, госпоѓата Лујза Винтон, Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, Амбасадорот на Швајцарија Сибил Сутер Тејада, градоначалничката на Тетово, госпоѓа Теута Арифи и градоначалниците од Полог го претставија и потпишаа Проектот за намалување на ризикот од поплави во полошкиот регион.

Постојниот претставник на УНДП Лујза Витон и ПРот на Новинари за човекови права, Валентна Ѓоргиевска во поддршка на акцијата
Постојниот претставник на УНДП Лујза Витон и ПРот на Новинари за човекови права, Валентина Ѓоргиевска во поддршка на акцијата

Овој амбициозен проект во следните четири години ќе поттикне суштинска промена во управувањето со ризикот од поплавите во регионот, забрзувајќи го преминот од сегашниот пристап на реактивен ад-хок одговор на поплавите, кон систем на интегрирано управување со опасноста, ранливоста и изложеноста на населението и добрата, за да се спречат и намалат влијанијата од идните поплави.

Во изминатите две години поплавите во Македонија однесоа триесетина жртви и направија милионски штети. Најзагрозен од нив е Полошкиот регион. Во следните четири години тоа ќе се смени.

УНДП, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија веќе спроведе и спроведува слични проекти во Преспа и во басенот на реката Струмица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ