петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЗдравјеНов пакет рестриктивни мерки за борба со коронавирусот, најави Комисијата за заразни...

Нов пакет рестриктивни мерки за борба со коронавирусот, најави Комисијата за заразни болести

Утрово Комисијата за заразни болести разгледа дополнителен пакет рестриктивни мерки кои по евалуацијата на состојбата во следните денови, доколку има потреба, до Владата ќе го предложи во понеделник, соопштија на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

Пакетот рестриктивни мерки предвидува:

– Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50%;

– Целосна забрана за секакви настани и

-Крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот.

Преходно предложениот пакет рестриктивни мерки до Владата, кој  се очекува следната недела да се гласа во Собранието, предвидува и: задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање после 22 часот и забрана за домашни посети.

Министерот Филипче посочи дека растечките бројки кои ги бележиме последниве денови се случаи секаде во регионот, а дека растот на новодијагностицираните случаи е нешто што сите го очекувавме, согласно очекуваниот есенски бран, зголемена концетрација на случаи, во сите земји во регионот. Како што посочи тој во Европа исто така, и практично во сите овие земји се воведуваат некаква форма на рестриктивни мерки, а доколку продолжи трендот на зголемување на случаите, последиот пакет мерки заедно со претходниот очекува сериозно да го забави ширењето и да ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ