Министерството за образование и наука информира дека од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на државата процентот на заразени изнесува 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта.
Од ресорното министерство информираат дека во сите останати случаи станува збор за учесници кои посетуваат онлајн настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице, или затоа што се позитивни на ковид-19 наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.
Според МОН протоколите за заштита на здравјето ефикасно се спроведуваат во училиштата бидејќи, па според тоа и покрај високите бројки на новозаразени наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација.
A.Н.