Денеска во Министерството за здравство пристигнале 3000 тестови, дел од донацијата од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.
Како што соопштуваат од Министерството за здравство, овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за утврдување дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19.
Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија. А.Р.