четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеСЗО предупредува: Пандемијата во Европа дополнително се забрзува

СЗО предупредува: Пандемијата во Европа дополнително се забрзува

Светската здравствена организација предупредува дека имало „дополнително забрзување“ на ширењето на пандемијата во Европа, при што минатата недела беа пријавени скоро половина од сите случаи на Ковид-19 во светот.

Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува дека во текот на изминатата недела, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа се зголемил за 46% во споредба со претходната недела.

Зголемување на бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со корона вирусот е забележано и во Северна и Јужна Америка, но за два процента, според извештајот на СЗО.

Најголем број нови случаи на Ковид-19 во Европа е забележан во Франција, Италија и Велика Британија, додека најголемата стапка на заразеност е потврдена во Андора, Чешка и Белгија. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ