Вечерва во Србија започнува примената на нови, порестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.
Во следните две недели, во периодот од 21 до 5 часот наутро, се забранува работа на угостителски објекти, но и продавници, трговски центри, освен аптеки, достава на храна, бензински пумпи што точат гориво и економија што работи трета смена.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека, доколку овие мерки не дадат резултати до 1 декември, Владата исто така ќе забрани движење на граѓаните со цел да се заштити населението.
Според вчера објавените податоци, уште 2.813 лица се разболеле од коронавирус во Србија, а околу 11.500 лица биле тестирани, 21 лице почина, додека 161 пациент е во сериозна состојба на апарати за дишење во болниците низ Србија. А.Р.