Светското првенство во атлетика во сала во Нанџинг, Кина повторно е одложено за една година и ќе се одржи во 2023 година, објави Светската атлетска федерација. Светското првенство во атлетика во сала требаше да се одржи овој март, но поради пандемијата на корона вирус, тоа беше одложено за една година, до 2021 година. Сепак, поради пандемијата, натпреварувањето е одложено за 2023 година.
„Сè уште постои голема несигурност во врска со состојбата на пандемијата на корона вирусот за првиот дел од 2021 година. Ние мора да ги земеме предвид ризиците од доведување на голема група луѓе на настанот во пандемиска ситуација и целосно да ја почитуваме и спроведуваме политиката за спречување на пандемија на земјата домаќин“, се вели во соопштението.
Нанџинг е на околу 530 километри од градот Вухан во Кина, каде минатата година избувна пандемијата.
Домаќин на Светското првенство во атлетика во сала во 2022 година ќе биде Белград. А.Р.