Голем број на корисници во светот денес околу 13 часот објавија дека услугите на „Гугл“ – „Јутјуб“ (Youtube) и „Џимејл“ (Gmail) не работат, а повеќето од таквите корисници биле од Европа, пишува „Тајмс нау“.
Проблемите со пристапот и текот на работата се различни, но падот го регистрираа и службите за следење на интернет активности онлајн. Компанијата сè уште нема објавено никакво известување за прекинување на своите услуги на своите социјални мрежи.
Последен пат компанијата „Гугл“ имаше таков пад во август, кој беше многу сличен и траеше неколку часа, кога скоро идентични услуги не работеа.
Околу 13.30 часот услугите повторно започнаа да работат. А.Н.