сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотНуредини: Со добра координација и соработка може да се унапреди животната средина

Нуредини: Со добра координација и соработка може да се унапреди животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес конференција кажа дека во 100 дена влада министерството активно работеше на 9 закони од областа на животната средина, зголемени казни до 20 пати за загадувачите, секој што ќе ги прекрши законите покрај тоа што ќе мора да ја плати казната ќе мора да ја надомести и направената штета, а работеле и поставиле и построги подобрување на Рамковниот закон за животната средина, отпадот и воздухот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека заштитата на животната средина бара координиран пристап и активности на сите чинители во општеството. Секогаш, додава тој, има потреба од повеќе средства за оваа намена особено оние кои ги добива Министерството, но, како што потенцира, и другите државни институции имаат буџети за активности за заштита на животната средина. Со добра координација и соработка, потенцира Нуредини, може да се реализираат доста од зацртаните мерки и активности, да се унапреди животната средина и да се намали аерозагадувањето.

Министерот Нуредини на прес конференцијата информира и за најавената централна лабораторија. Според него направена е апликацијата која централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ја достави до Институтот за акредитација и таа да се стекне со сертификат за акредитирана лабораторија.

– Се надеваме дека централната лабораторијата на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се акредитира. Ние сме во исклучително вонредна состојба поради пандемијата. Голем број од работниците се изолирани и болни и имаме доцнење во процесите. Институтот за акредитација ќе ја акредитира централната лабораторијата на Министерството и ние сме во соработка со нив, додаде Нуредини.

Во врска со тоа каде го депонираат сметот општините од полошкиот регион со оглед на блокадата на депонијата Русино, тој напомена дека регионалниот план за Полог е депонијата да се рехабилитира.

– Целиот полошки регион треба да го депонира отпадот во Русино и ние се договоривме и со локалните институции и со иницијативата. Дадовме наредба како Министерство да започнеме работи со рехабилитација и развој на депонијата Русино и веруваме дека работите ќе почнат оваа недела, рече Нуредини и додаде дека депонијата ќе се развива во наредните пет години додека да најдат друго решение за неа.

На прашањето на ТЕХТ.МК кога и дали се очекува ратификацијата на Протоколот на ОН за вода и здравје, кој е важен за имплементација на стандардите за здравје и хигиена во услови на пандемија, министерот Нуредини каже дека наредната година ќе работат на исполнување на оваа задача која треба заеднички да ја сработат повеќе институции, и верува дека идната година Протоколот на ОН за вода и здравје ќе биде ратификуван, бидејќи како што потенцира Нуредини – ВОДАТА Е ЗДРАВЈЕ!

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ