недела, декември 22, 2024
домаТехнологијаГлобален недостиг на чипови спречува производство на лаптопи и паметни телефони

Глобален недостиг на чипови спречува производство на лаптопи и паметни телефони

Производителите на автомобили и електронски уреди, од телевизии до паметни телефони, предупредуваат на глобален недостиг на чипови што предизвикува одложувања во производството, токму кога потрошувачката се опоравува од кризата со коронавирусот.

Проблемот има повеќе причини, велат раководителите на индустријата и аналитичарите, вклучувајќи пожар во јапонска фабрика за чипови, затворање на погони за да се спречи ширење на пандемијата во Југоисточна Азија и штрајк во Франција.

Друга краткорочна причина за недостаток на чипови беше правењето залихи на телекомуникацискиот гигант Хуавеи, пред стапувањето во сила на санкциите на САД кон неговите добавувачи во средината на септември.

Но, најголемиот проблем е недоволната инвестиција во фабрики за 8-инчни чипови, главно во сопственост на азиски компании, кои не забележале побрз пораст од очекуваното за 5G телефони, лаптопи и автомобили.

„Имаме недостиг на компоненти за целата електронска индустрија“, рече Дони Занг, извршен директор на кинеската компанија „Сенд енд Вејв“, кој посочи на проблем со набавка на микроконтролери, клучни за производство на паметните слушалки на кои работат во моментов. „Првично, планиравме да го завршиме производството за еден месец, но сега веројатно ќе ни требаат два месеци“, истакна тој.

Еден јапонски снабдувач на електронски компоненти тврди дека нема „WiFi“ и „Bluetooth“ чипови и очекува доцнења повеќе од 10 недели.

Кинеската автомобилска индустрија проценува дека производството на некои кинески производители ќе биде погодено во првиот квартал од следната година поради недостаток на чипови.

Побарувачката на кинеските потрошувачи, особено за автомобили, неочекувано брзо се опорави од кризата со коронавирусот. Во исто време, и порачките за производи како што се лаптопите и мобилните телефони се зголемија во региони во светот кои сè уште се борат против пандемијата, како што се Европа и САД.

Растечката побарувачка го зголемува притисокот врз производителите на чипови од 8 инчи. Тајванската фабрика за чипови „ТСМЦ“ е најголемиот светски производител на чипови, следена од „Самсунг“, а следат „СМИЦ“, „Глобал фаундрис “ и „УМЦ“, според „Трендфорс“.

„Се чини дека проблемот е главно во фабриките за чипови“, посочува извор од европската индустрија за полупроводници, додавајќи дека особено под притисок се „ТСМЦ“ и „Глобал фаундрис“.

„ТСМЦ“, кој ги снабдува „Епл“ и „Куалком“, одби да даде коментар, но нејзиниот лидер оваа недела го опиша капацитетот на компанијата како „тесен“.

Во меѓувреме, „Глобал фаундрис “  вели дека инвестира во „градење на капацитети за да се исполни невидена побарувачка“. Компанијата планира двојно да ги зголеми капиталните инвестиции во 2021 година за да го зголеми производството.

Јужнокорејската компанија „ДБ Хитек“, која го снабдува „Епл“ со таблет чипови, вели дека нивните 8-инчни постројки за чипови ќе работат со полн капацитет најмалку во следните шест месеци и очекуваат понудата да биде недостапна до втората половина на следната година. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ