среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаДали спиете со или без чорапи? Еве што вели тоа за вашиот...

Дали спиете со или без чорапи? Еве што вели тоа за вашиот карактер

Психолозите велат дека спиењето со чорапи на нозе нема никаква врска со топлина или студ, туку со психата и карактерот на некоја личност. Некои се заштитници, други бараат заштита

Постојат два типа на луѓе во светот – оние кои носат чорапи додека спијат и оние кои претпочитаат да бидат боси. Некои не можат да заспијат ако чорапите не им се на нозе затоа што им е ладно, а други не можат со нив затоа што им е топло.
И сега, многумина се убедени дека станува збор за навика, а всушност тоа е состојба на ум и нема никаква врска со топлината и студот во просторијата и е поврзан со состојбата на организмот, велат психолозите. Еве го објаснувањето:

Луѓе кои спијат со чорапи
Тие го прават тоа затоа што навистина се чувствуваат ладно, иако не е ладно во собата. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата. Луѓето кои во никој случај не можат да заспијат без чорапи на нозе, обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да останат на удобни места и секогаш се трудат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го споделуваат својот личен простор со други луѓе.

Луѓе кои спијат без нив
Спиењето со чорапи на нозе ги прави  да се чуствуваат непријатно и им е премногу жешко за да заспијат. Физички, ова може да укаже на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот личен простор им значи многу и тие ќе се дружат само со други луѓе кога ќе бидат расположени за тоа, не секогаш. Тие се многу искрени, ги привлекуваат предизвици, а за луѓето за кои се грижат, тие ќе сторат сè, само за да бидат добри, пишува Брајтсајд.                            А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ