За време на новогодишните празници како по некое непишано правило најмногу се продаваат играчки. Во шопинг еуфоријата речиси никој не внимава што купува, односно дали играчката има рок на траење.
Наши читатели ни јавуваат дека токму во оваа новогодишна еуфорија Џумбо Веро како повеќепати досега се обидува и успева да им протне на клиентите играчки со поминат рок. Да, добро читате: ИГРАЧКИ СО ПОМИНАТ РОК!!!
На полиците на ова продавниц за играчки се наоѓаа пакувања за правење на сапун, во кое пакување покрај модлите и боите, има и смеса од која се прават сапуните. А токму во кесичките во кои се наоѓаат материјата за правење сапун пишува дека е составен од пченкарен скроб и сукциска киселина…Пченкарниот скроб според информациите за рокот на употреба се вели дека нема рок на употреба, но за разлика од него сукциската киселина има рок на траење и ако се употребува по рокот може да предизвика опекотини и алергии! А, играчката за правење калапи се продава со сукциска киселина чиј рок бил точно до пред една година, односно до јануари 2020!
На реакција на потписникот на овие редови вработените во компанијата ги собраа дваесетината кутии, а кој знае колку пред тоа продале, наводно повлекувајќи ги од пазарот. Но, за направената штетат врз здравјето на децата не сакаат да разговараат. Во недостаток на механизам за следење и казнување, изгледа единствен начин е јавно да се прозиваат и граѓаните да се предупредуваат да внимаваат што купуваат.
Н.Доковска