Една од најживите вистини е дека децата и животните се најдобри пријатели. Искрени и вистински. Децата ги сакаат животните, често дури и до одредена возраст своите миленичиња повеќе и од своите родители, од братчињата и сестричките, а и животните ги сакаат дечињата, како свои.
Не е тешко да се дешифрира ова врска. Станува збор за сличната љубов и доверба зошто животните и децата имаат многу развиен осет и инстинкт. Се прават на база на “срцето”. Многу легенди велат дека животните и спасиле деца, а легендата за Ромул и Рим сите ја знаеме, кога ги доела волчица.
Животното се чувствува сигурно во рацете на дете, зошто знае дека нема скриена намера, нема да го повреди, нема да го стрела со пушка, нема од него да направи бунда, нема да го продаде за пари, нема да профитира, нема да го зароби, нема да го стави во окови, како што тоа го прават возрасните.
Несомнено е дека животните и птиците имаат најразвиен осет за опасност, тоа го потврдуваат пред земјотрес или некоја природна непогода. Тие се во силна синергична врска и со природата затоа тоа го чувствуваат.
Животното е пријател на човекот, не и обратно. Кога човекот би се однесувал како децата, природата ќе е смирена и ќе нема многу опасности, но тој ја предизвикува природата. И животните.
Еве ја Типи. Некаде во деведесеттите јас купував “Пари Мач” затоа што Французите си гордост си пишуваа за ова свое девојче. Тогаш гледав и се импресионирав на фотографии потоа преку телевизија на Тв 5 и сега на јутјуб. Таа малечка кралица на животните, која пораснала во Африка поради службата на татко и, немала другарчиња во околина па морала “да се снаоѓа”. Се спријателила со животните и тие со неа. Тие ги слушаа нејзините, ајде да ги наречам желби, а не наредби.
Не може да се спореди овој однос на дете и животно во природа, и дете во зоолошка градина. Затоа што во зоолошка тие се животни веќе со умртвена волја за живот, безнадежни, во очај, под седативи, нема ништо природно во нив и може и ќе му се насмее на дете, како нешто последно убаво што им останува од овој свет.
Но, таа насмевка содржи и огромна горчина, болка и тага, извлечена од животот и душата на заробеното и осудено на решетки животно. Типи, кралицата на животните покажа како треба вистински. Погледнете, уживајте и топете се :
ПАРГО