четврток, ноември 21, 2024
домаАнглија во карантин до средината на февруари

Англија во карантин до средината на февруари

Доцна попладнево,  британскиот премиер Борис Џонсон во телевизиско обраќање до нацијатa информира дека  Англија до средината на февруари ќе биде во целосен карантин. Причина за тоа се бројките на новозаразени и починати од корона вирусот.

„Само во последните 24 часа имаме 58 784 нови инфекции. Веќе седум дена по ред имаме над 50 000 инфекции. Постои реален ризик здравствениот систем во многу делови на земјата да биде преоптоварен во следните три недели доколку не бидат воведени нови мерки против епидемијата“,изјави во вечерашното обраќање до нацијата британскиот премиер Борис Џонсон.

Според мерките, се препорачува работа од дома, освен за оние што работат во услужните сектори во кои тоа е невозможно. Граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехранбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.

Училиштата ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на работниците во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства. И за студентите е предвидена онлајн настава.

Полицијата има неограничени права во спроведување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот.    А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ