Од раѓање, бебињата мора да примаат неколку вакцини – вакцината позната како Бе-Се-Же, вакцина против хепатитис Б, комбинирана петовалентна вакцина (IPV DTaP Hib), вакцина ММР… Но, веднаш по приемот на вакцината, децата чувствуваат некои последици како што се треска, губење на апетит, абнормално плачење. повраќање, болка и оток околу местото на инјектирање. Педијатрите потенцираат дека овие реакции не се невообичаени и не се нужно знак дека нешто не е во ред, ниту пак дека родителите треба да имаат чувство на каење, бидејќи вакцинацијата сепак го штити детето од потенцијални фатални болести
Зошто се појавуваат несакани ефекти
Сепак, вакцините можат да имаат несакани ефекти, и ако вашето дете нема ниту еден, не грижете се, и тоа е во ред. Реакциите од примена вакцина укажуваат на тоа дека вакцината „работи“, го стимулира имунолошкиот систем за да може да препознае бактерии или вируси во иднина и да го заштити детето од болести. Без оглед на другите симптоми што ги имаат децата, доколку не примаат течности и не реагираат, треба да побараат итна медицинска помош.
Најчести симптоми што се јавуваат по примање на вакцина се:
1. Температура
Треската е многу чест несакан ефект по вакцинација. Општо се јавува како одговор на инфекција. И сè додека вакцините не го заразат вашето бебе, имунолошкиот систем на организмот се стимулира на ист начин, односно се обидува да предизвика имунитет и така може да се развие температура.
2. Губење на апетит
Губење на апетит често се случува кога детето има треска. Затоа, немојте да бидете премногу изненадени ако вашето дете одбие храна некое време. Сепак, мора да бидете внимателни бебето да не дехидрира. Ако забележите некој од овие симптоми, разговарајте со вашиот лекар: воспаление на фонтанелата (меко место) на главата,
малку или без солзи кога плачат, сува уста, пелени се помалку влажни,
поспаност и брзо дишење.
3. Абнормално плачење
Ако забележите дека вашето бебе плаче повеќе од вообичаено по вакцинирањето, знајте дека не сте единствени што ќе останете будни некое време. Вистина е дека може да имате неколку прилично непроспиени ноќи откако бебето ќе ја прими вакцината.
4. Болка и оток околу местото каде е ставена вакцината
Не е изненадувачки ако вашето бебе има зацрвенета кожа околу местото на пункција на иглата и оток, што е болно и на допир. Педијатрите велат дека ваквата локална реакција е многу честа. Ако вашето бебе покаже дека има болка поради какво било отекување на местото каде што ја примило вакцината (обично на рацете или нозете), можете да му дадете лек базиран на парацетамол за да ја ублажите болката. И не паничите – ова е чест несакан ефект на вакцината. Во случај отокот да се влоши или да не исчезне, консултирајте се со вашиот педијатар.
5. Дијареа
Ако забележите дека вашето бебе не се чувствува добро по вакцинирањето и дека пелените се повалкани од вообичаеното, ова може да има врска со вакцинацијата. Ако симптомите се влошат или ако има знаци дека бебето е дехидрирано, контактирајте лекар.
6. Мини сипаници
Вакцината ММР, на пример, може да има некои специфични несакани ефекти – мини сипаници и мини заушки. Мини сипаници може да се појават 6-10 дена откако е ставена вакцината и предизвикува треска, губење на апетит и осип. Мини заушки се јавуват меѓу 14-21 ден по вакцинацијата и предизвикуваат треска и отечени жлезди. Ако вашето дете добие нешто од ова, не грижете се, тоа не е заразно. Ал.Н.