Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) денес примија вакцина против коронавирус, соопшти Бакингемската палата. Кралицата одлучи оваа информација да биде објавена со цел да се спречат понатамошни шпекулации, пренесува „Би-Би-Си“.
Вакцината им ја дал семеен лекар во замокот Виндзор. Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип се меѓу околу милион и пол луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус во Велика Британија.
Во таа земја, луѓето над 80-годишна возраст се меѓу приоритетните групи на кои прво им се дава вакцината. Не е познато чија вакцина примиле британската кралица и принцот. А.Н.