среда, декември 18, 2024
домаСпортРакометРакометарите со пораз се простија од Мундијалот во Египет, Лазаров влезе во...

Ракометарите со пораз се простија од Мундијалот во Египет, Лазаров влезе во историјата на светскиот ракомет

Македонската ракометна репрезентација со пораз од 26:30 во мечот против Белорусија во последното коло од главната фаза во рамките на групата 4, неславно го заврши настапот на Мундијалот во Египет. Белорусите завршија на петтото место во групата 4 од втората фаза, веднаш пред нашата репрезентација која не успеа да освои ниту еден бод во ова коло.

Сепак, историја испиша капитенот Кире Лазаров кој беше најпрецизен со седум постигнати гола, по четири дадоа Кузмановски и Пешевски, а Костески, Поповски, Цветан Кузманоски и Стоилов постигнаа по два гола.

Кире Лазаров, жива легенда на нашиот, но и на светскиот ракомет, со постигнатите седум гола стигна до фантастичен резултат – 500 погодоци во репрезентативниот дрес на големи натпреварувања, што е апсолутен рекорд, и импресивен подвиг за заокружување на неговата репрезентативна кариера по околу две децении.

Лазаров настапи на дури четири од големите натпреварувања – во Египет во 1999 година, Хрватска во 2009 година, Франција во 2017 година и сега повторно во Египет.

Во репрезетацијата на Белорусија, на мечот во Каиро, Кулеш исто така постигна седум гола, додека Астрашапкин даде пет. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ