Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19.
Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистрирани се 387 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.
Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.
А.Р.